Во комплексот на ,,Јане Сандански” оваа недела ќе имате можност да погледнете уште еден натпревар во ракомет од Лигата на шампионите, игротека ,,Бајка” го прославува својот трет роденден, а имаме и нова креативна работилница.
Во четврток (30.11.2017) од 18:00-20:00 часот имаме роденденска забава за игротеката! Игротека ,,Бајка” прославува 3 години постоење, и многу успешни креативни работилници, роденденски забави, различни игри и активности, детски претстави и уште многу други изненадувања кои ги подготвивме изминатите години. Влезот е слободен, ги покануваме сите дечиња на забава и роденденска торта.
Во петок (01.12.2017) имаме нова креативна работилница во игротеката. Изработување на декоративни есенски венчиња. Работилницата започнува од 18:00 часот и ќе трае еден час. Кафе-барот кој е дел од игротеката ви нуди греено вино за 80 денари оваа недела.
Во сабота (02.12.2017) од 17:30 часот, уште еден натпревар од Лигата на шампионите, Вардар – Кристијанштад.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.scjanesandanski.mk , најдете нé на Facebook како Спортски центар Јане Сандански, и на Instagram како scjanesandanski.