Сте почувствувале некогаш потреба да внесете нешто ново во тренингот? Да ја промените рутината?
Имаме нов предлог за вас, нови вежби, и нови идеи за интересен тренинг.
Фитнес центарот Cybex располага со 10 TRX-и. Вежбите со ТRX се всушност телесни вежби на повисоко ниво. Има повеќе од 100 различни вежби кои се изведуваат со телесната тежина, и овозможуваат поголема флексибилност, издржливост, рамнотежа, сила.
1. Застанете пред TRX суспензијата свртени со грб, десното стапало ставете го во една од рачките, а левата нога поставете ја понапред од нормалното држење на телото. Од таа положба почнете да ги виткате двете колена и влезете колку можете подлабоко. Истата вежба, пробајте ја и со скок. Ќе почувствувате како ,,горат” квадрицепсите.
2. Дланките на земја, стапалата во двете рачки, и почнете да ги влечете колената кон градите. Одлична вежба за зајакнување на јадрото.
3. Од истата положба, само дланките наместете ги поодалечени една од друга, и почнете да правете склекови додека стапалата се во рачките.
4. Легнете на подот со свиткани колена, фатете се со дланките за рачките од ТRX-от и кревајте го телото нагоре користејќи ја целата сила од рацете и јадрото. При враќање назад не го спуштајте телото целосно до земја.
5. Задолжително пробајте го и страничниот plank (штица) со двете стапала во рачките, телото изротирајте го странично, со едната рака или сте на лакт спуштени или само со дланка се задржувате, а другата рака кренете ја право нагоре и задржете во таа позиција.
6. Под агол од 60 степени со подот наместете го телото, држете се за рачките, нозете остануваат прицврстени на земја, со рацете го влечете телото кон TRX-от така што лактите ги буткате назад, а бицепсот е максимално стегнат.
7. Од истата положба држејќи се за рачките влегувајте во чучен (squat), со стапалата отворени во ширина на колковите.