Во аеробик центарот при СЦ ,,Јане Сандански” секои вторник и четврток од 18:30-19:30 часот се одржуваат кемпо тренинзите.
Кемпото е всушност древна вештина која потекнува од Јапонија основана од јапонски борец и поранешен војник. Тренинзите се поделени во 3 дела – Самоодбрана, психички тренинг и тренинг за здравјето.
Во фит дицсиплините кемпото се комбинира и во аеробикот, Total body workout, кардио тренинзи и слично.
Главната цел на овој тренинг е да се комбинираат главните удари директ, кроше и аперкат, и удари со нозе. Самиот тренинг е поенергичен и интензивен, се активира секој мускул на телото, и трошите поголем број на калории.
Доколку сакате да пробате нешто поразлични, веднаш резервирајте го вашето место во аеробик центарот на телефон 070-268-048.