Која е разликата помеѓу класичниот и power пилатесот?
Дефинитивно постои разлика помеѓу овие две дисциплини иако се темелат на пилатес. Power пилатесот потекнува од инструкторката Lisa Brashaw која повеќе од 20 години има посветено на оваа дисциплина. Во продолжение прочитајте за разликите помеѓу овие дисциплини.
Класичниот пилатес содржи спори движења, додека power пилатесот динамични. За време на класичниот поголем дел од времето сте на простирката, додека за време на power пилатесот сте надвор од простирка.
Power пилатесот ги има истите елементи од класичниот пилатес само што освен правилно држење на тело вклучува и чучњеви (squats), исчекори (lunges) и држење на Plank позиција. Исто така, вклучени се аеробни и анаеробни вежби, работа на сите мускули на телото, функционални вежби кои ги подобруваат моторичките вештини, балансот, координацијата.
Се користи мала тежина како и телесната.
Power пилатес во аеробик центарот имаме секои вторник и четврток од 19:30-20:30 часот, и сабота од 10:00-11:00 часот.
Контакт: 070-268-048.