Тенис

Тенис

Тенискиот клуб Теннис Парк располага со четири терени на земјена подлога. Во летниот период сите четири терени се отворени за тренинзи и рекреација, а во зимскиот период два од нив се покриени со специјални балони од италијанската фирма Teloni Poletti.

ТК Теннис Парк нуди тенис за сите негови љубители, на секоја возраст.

Освен четирите тениски терени, дел од Теннис Парк се и теренот за рекреативен бадминтон, и двата терени за падел-тенис. 
За сите професионални и рекреативци има обезбедено тушеви и соблекувални.

Дел од тенискиот клуб е и модерниот кафе-бар Теннис Парк кој се наоѓа веднаш кај кејот на реката Вардар.
На терасата од кафе-барот може да уживате во високата хигиена и пријатната атмосфера со кафе или друг пијалок, а за вас тука е нашиот љубезен персонал.