Кинетикус

Кинетикус

Приватната здравствена установа, специјалистичка ординација по спортска медицина КИНЕТИКУС Скопје со задоволство ве известува дека ја промени својата локација во нови простории на Ул. Бул АСНОМ бр. 1 во населба Аеродром. Истовремено би сакале да ве запознаеме со содржините и услугите кои ги нуди ПЗУ КИНЕТИКУС. 

Како специјалистичка ординација по спортска медицина ПЗУ КИНЕТИКУС располага со модерна опрема, технологија и тим со кои ги следи најсовремените трендови во спортската медицина, давајќи ги следниве услуги: спортско-медицински превенитвни прегледи, лабораториски тестирања за проценка на физичката подготвеност, нутритивни проценки и изготвување на индивидуален начин на исхрана, дијагностика и рехабилитација на спортски повреди, изокинетичка дијагностика и рехабилитација и кинезитерапија. Со давање на препораки и препишивање на програми за вежбање кај различни видови на болести, но и кај здравата популација, ПЗУ КИНЕТИКУС е дел и од најновиот планетарен проект на спортската медицина од овој век "EXERCISE IS MEDICINE" – "ВЕЖБАЊЕТО Е ЛЕК", со што учествува во во превенција и лекување на голем број заболувања

професионалност

Нашиот Тим

Работно време

пон - пет 08 до 17ч

саб 08 до 13ч