Игротека

Игротека

Игротека Бајка се наоѓа во западниот дел од Спортскиот Центар Јане Сандански.
Изобилува со разновидни реквизити и играчки како мали фудбалчиња, трамполина, базен со топчиња, замок и уште многу други кои пред сé се апсолутно безбедни за вашите деца, и редовно се извршува нивна дезинфекција.
Во нашата игротека за вашите деца се грижат негувателки кои се дипломирани педагози што дополнително придонесува за нивниот внимателен однос кон децата, и подеднакво внимание на секое од нив. Нивните креативни идеи им овозможуваат на децата да ја развијат својата фантазија и креативност, да се здобијат со знаења, умеења и навики.
Игротека Бајка секоја недела подготвува различна програма со настани за децата, за развивање на имагинацијата и креативноста - креирање мозаици, цртање, натпреварувања, изработка на различни креативни предмети, пеење, глума, детски претстави и уште многу други активности.
Додека дечињата се забавуваат, нивните најблиски може да уживаат на терасата со прекрасен поглед кон Паркот на езерата, и да се опуштат со кафе или со друг освежителен или топол пијалок.
Нудиме можност и додека ги завршувате вашите обврски да ги оставите вашите дечиња во нашата игротека каде се комплетно безбедни со нашите дадилки.
Од понеделник до петок во периодот од 9-16 часот, може да ги оставите вашите деца на возраст од над 3 години да престојуваат во нашата игротека без присуство на родител.

Љубезноста, хигиената и безбедноста се на прво место!