Детски дисциплини

Детски дисциплини

Особено важно е да ги научиме децата да стекнат навика уште од најмала возраст да спортуваат, да внимаваат на своето здравје, и здраво да се исхрануваат.
Вежбањето помага да ги одржат мускулчињата и коски, воедно придонесува и спиењето да биде поквалитетно. Три дена во неделата се сосема доволни да се спречат хроничните заболувања.
Спортскиот Центар Јане Сандански ви нуди спортска градинка, атлетска школа и ритмичка гимнастика за вашите деца.
Спортска градинка е наменета за дечиња од 3-5 години. Преку соодветни игри и вежби прилагодени за возраст од 3 до 5 години, децата ќе можат правилно да растат и да се развиваат. Со сето тоа и да стекнат нови вештини, да развијат моторни способности, перцепција, ориентација, брзина, и флексибилност. Доколку дечињата одлучат и понатаму да се занимаваат со спорт сето ова ќе биде од огромна корист.
Часовите се одржуваат од понеделник до четврток, од 17:30-18:30 часот.
Ритмичка гимнастика е спорт наменет за девојчиња на возраст од 5-10 години. Во овој спорт комбинирани се балет, гимнастика, и модерен танц. Кореографијата мора да го покрие целиот подиум и да содржи елементи на рамнотежа,  брзи и нагли скокови, вртења и флексибилни движњеа. Вклучени се и сила, моќ, издржливост, темпераментност, умешност, и добра координација.
Часовите се одржуваат од понеделник до петок, во следните термини:
17:30-18:30ч.
18:30-19 30ч.
19:30-20:30ч.


Јулијана - инструкторка во спортската градинка и атлетска школа.
Адела - инструкторка по ритмичка гимнастика.
Резервирајте го местото на 070-268-048.

Oстанати спортови за деца:

ТЕНИС (за момчиња и девојчиња) - ТК Тенниспарк
Координатор Цветан Војчески - 070 385 021
ФУДБАЛ (за момчиња) - Фудбалска академија ВАРДАР 
Координатор Марио Кофиловски -  +389 2 3130 712
http://fkvardar.mk/fudbalska-akademija
РАКОМЕТ (за момчиња и девојчиња) - Ракометна академија ВАРДАР
Координатор Марија Папуџиева - 071 247 213

Ценовник

Одберете понуда

  • 3 пати неделно

    ДЕН 1200

      понеделник-петок
      17:30-18:30
      18:30-19 30
      19:30-20:30

  • 2 пати неделно

    ДЕН 1000

      понеделник-петок
      17:30-18:30
      18:30-19 30
      19:30-20:30

професионалност

Нашиот Тим

Инструктор

Адела Келеција
Инструктор

Работно време

пон/сре/пет од 17:30 до 18:30 и 18:30 до 19:30, вто/чет од 17:30 до 18:30