Падел Тенис

Падел Тенис

Најновата спортска атракција во нашата земја моментално е падел-тенис. За прв пат во Македонија, Спортскиот Центар Јане Сандански им овозможува на љубителите на спортот да пробаат една нова енергична игра.
Овој спорт е мешавина од тенис и сквош, и најчесто се игра во двојки. Правилата и бодувањето се исти како кај тенисот, единствено во падел е вклучен стаклен ѕид кој е дел од играта.
Димензиите на теренот изнесуваат 20x10 метри, и е направен од ист материјал како во тенисот. 
Играта започнува откако се сервира топката underhand, односно се пушта од долу. Сé додека не се сервира, играчите мора да стојат зад линијата. Топчето мора да падне еднаш на теренот пред да се удри од стаклениот ѕид, и откако ќе го погоди ѕидот мора директно да се удри без да го допре теренот.
Топката со која се игра е идентична како тениското топче, само што внатрешниот притисок е помал, и топката е полесна.
Рекетот, односно реквизитот по кој и самиот спорт го носи името (paddle = весло, лопатка) е направен од цврст материјал како дрво, или мешавина со гума. 
Основата на рекетот е направена од титаниум, покриена со графит и нема жици. Рекетот е долг 18цм и широк 24цм.
Јавете се во нашиот спортски центар на телефон 070-385-021, и резервирајте го вапиот термин. 
Во цената се вклучени рекети и топчиња.

По падел играта повелете и освежете се во нашиот кафе-бар Теннис Парк кој е веднаш кај терените.

Ценовник

Одберете понуда

  • пон - нед 18-23ч.

    ДЕН 600

      Цена за членови

      400мкд.

  • пон - нед 8-18ч.

    ДЕН 400

      Цена за членови

      400мкд. 

       

Работно време

08 - 23ч